Top Sport

Ембид: Харден вака не играше во Хјустон

Кошаркарите на Филаделфија синоќа беа поразени од Мајами во шестиот натпревар од полуфиналето на Источната конференција и со тоа го завршија учеството во НБА плеј-офот.

Еден од најдобрите играчи во лигата Џоел Ембид беше фрустриран по поразот и уште еден неуспешен обид да стигне до шампионскиот прстен. Првата ѕвезда на Филаделфија го критикуваше целиот тим по слабо одиграниот натпревар против Мајами, а посебно го го истакна Џејмс Харден, кој требаше да му донесе дополнителен квалитет на тимот. Харден, во шестиот натпревар постигна само 11 поени.

„Сигурен сум дека сите кога го доведовме Харден очекуваа дека ќе игра како во Хјустон, но тој повеќе не е истиот играч. Сега тој е првенствено плејмејкер. Мислам дека треба да игра поагресивно, истото важи и за остатокот од тимот“, рече Ембид, по елиминацијата.

Договорот на Харден со Сиксерси истекува на крајот на следната сезона. Во Филаделфија заработува над 47.000.000 долари.

Scroll to Top