Top Sport

Ембид најави заминување од Филаделфија: Сакам само титула

Актуелниот освојувач на МВП наградата во НБА лигата, Џоел Ембид признава дека најголемата цел му е да ја освои титулата, фрлајќи сомнеж на својата иднина кај Филаделфија 76ерс.

„Јас само сакам да ја освојам титулата. Без разлика на цената. Не знам каде ќе се случи тоа. Дали во Филаделфија или на друго место. Само сакам да имам таква шанса. Сакам да го имам чувството на освојување на една титула, и потоа мислата да стигнеш до уште една. Не е лесно, не се работи за само двајца или тројца. Потребен ти е цел тим околу тебе кој работи секој ден со таа цел“, вели Ембид.

Ембид помина веќе седум сезони со Сиксерс, потпишувајќи четиригодишен договор вреден 213 милиони долари во 2021 година.

Scroll to Top