Top Sport

Ембид: Сакам 60 победи сезонава, да сме први носители на Истокот!

Кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембид рече дека во престојната сезона сака 60 победи на својот тим и позиција на прв носител во Источната конференција во НБА лигата.

Како што пренесе „Скај“, дали тој има амбиција да го освои МВП одликувањето, Ембид вели дека пред личниот интерес го става интересот на екипата.

„За мене е најважен успехот на екипата. Ако бидеме први носители и победиме на 60 меча, а јас ако го правам она што најдобро го знам – да доминирам и да му помогнам на тимот да дојде до победа – тогаш ќе бидам во ситуација да ги освојам и двете награди (МВП и најдобар дефанзивец) – изјави Ембид.
Филаделфија минатата сезона по 7 меча изгуби во полуфиналето на Источната конференција од Торонто, кој подоцна стана шампион на лигата.

По серијата, многумина го критикуваа Ембид, односно неговата кондиција и издржливост. Тој рече дека во текот на летото работел на себе, ја сменил исхраната и симнал неколку килограми.

„Во плсј-офот не бев на највисоко ниво. Имав воспаление на тетивата и се разболев во најлош момент. Морам да внимавам, да ја контролирам болеста“ – смета кошаркарот на „76-ките“.

Scroll to Top