Американската станица ESPN во традиционалната годишна анкета го прогласи Лука Дончиќ за најдобар играч на сезоната.
Во конкуренција за ова ласкаво признание беа Никола Јокиќ, Џејсон Татум и Шаи Гилџис-Александер.
За разлика од НБА, каде Јокиќ надвладеа и ја освои третата титула МВП, Словенецот беше пред сите во изборот на најпознатата американска ТВ мрежа.
Имаше основа за такво нешто.
Лука го предводеше Далас до финалето на НБА, каде Бостон лесно ја доби серијата и го освои трофејот. Дончиќ имаше одлична статистика во плеј-офот: имаше просек од 28,9 поени, 9 скока, 8,1 асистенции за 40,9 минути по натпревар.
Претходни добитници на ова признание беа Јанис Адетокумбо (2019), Стеф Кари двапати (2021, 2022) и Никола Јокиќ кој беше најдобар во претходната сезона.