Top Sport

ЕСПН: Седум опции за Леброн

Леброн Џејмс, во паузата помеѓу две сезони во НБА лигата, ќе преговара со седум екипи, објави новинарот на ЕСПН, Стивен А. Смит.

Договорот на најдобриот кошаркар на денешнината со Кливленд Кавалирс му истекува на 1.јули, кога тој ќе стане слободен играч.

Една од опциите е тој да го продолжи договорот со Кливленд, а секогаш добро информираниот новинар Стивен А. Смит не ја исклучува можноста „Кралот Џејмс“ да влезе во преговори и со актуелниот шампион Голден стејт Вориорс.

Постои можност Џејмс да се врати и во Мајами Хит, каде освои две од своите три титули во НБА лигата.

Можни решенија се и Бостон, Филадлефија, ЛА Лејкерс и Хјустон.

Scroll to Top