Кошаркарскиот Еврокуп, од наредната сезона, ќе се игра во поинаков формат. Наместо досегашните 24 екипи, во новата сезона ќе играат 20 тимови, кои ќе бидат поделени во две групи.
Откако ќе заврши фазата по групи, шест најдобри тима од секоја група, ќе продолжат понатаму. Во нокаут фазата, осмина, четврт, полу0финале и финале ќе се играат на една победа, без реванш или евентуална мајсторка.
16 клубови, ќе добијат тригодишни лиценци, а најмалку четири тима ќе добиваат специјални покани.
Оваа сезона, за титулата ќе се борат Монако и Уникс Казањ. Првиот меч во Русија на програмата е на 27.април.
Наредната сезона ќе започне во октомври 2021 година и ќе трае до мај 2022 година.
Финалистите ќе обезбедат пласман во Евролигата.