Шпанските медиуми денеска излегоа со информација за опциите кои наводно ги разгледува кошаркарската Евролига како би се продолжила сезоната по завршувањето на пандемијата на коронавирусот.

„Ел паис“ пишува дека една од опциите е преостанатите 78 меча да се одиграат во само еден град кој има две арени. Кандидати, наводно, се Истанбул, Атина и Москва.

Така сезоната би завршила за 5 недели, а претходно клубовите и кошаркарите би добиле две недели за подготовки.

Тренерите, играчите и останатите инволвирани во клубовите би требало во што пократок рок да се јават во екипите и по 14 дена самоизолација да се вратат на терен за да ги започнат двенеделните подготовки пред продолжението на сезоната.


Пред сезоната во Евролигата да биде прекината, Анадолу Ефес беше прв на табелата со скор 24-4 пред Реал Мадрид и Барселона кои имаа по 22 победи и 6 порази.