Кошаркарите на Бамберг направија еден од најголемите пресврти во историјата на Евролигата и ја совладаа Барселона 84:81. Во седмото коло Олимпијакос како гостин, по дополнителните пет минути, го победи европскиот првак Фенербахче 90:83.
Барселона дуелот со германскиот шампин го започна урагнски, нејзниите кошаркари во првата четвртина постигнаа 38 поени, а примија само 12. Предноста од 26 поени по само една четвртина не навести дека Бабмерг ќе може да го избегне поразот, но се случи спротивното.
Во финишот на првиот дел Бамберг со серија 16 :2 се доближи на пристојна негатива од 12 поени 35:47. Оваа предност Барселона ја одржуваше до последните две минути од четвртината кога германскиот тим прави серија 12:3 и во последните десет минути влегоа со негатива од четири поени 62:66.
Во последната четвртина Бабмерг го презеде водството 75:74 кое не го испушти до крајот.
Рајт со 16 пони, 5 скока, 7 асистенции, односно Хикман со 14 и Тејлор со 13 поени беа најефикасни кај Бамберг, додека Снадерс со 17 поени ја предводеше Барселона.
Бамберг по седум кола има скор 4-3, а Барселона 2-5.
Драматичен меч одиграа и минатосезонските финалисти во Евролигата, Фенербахче и Олимпијакос.
Фенербахче имаше предност од десет поени на полувреме и 47:34 по две минути игра во третиот период. Олимпијакос во натпреварот се врати со серијата 23:6, кога го сврти резултатот 53:57.
Олимпијакос на нецели три минути до крајот имаше 11 поени предност, но Фенербахче успеа да се врати во мечот, а со поените на Весели од линијата за слободни на 8 секунди до крајот и да избори продолжение 75:75.
Во прдолжението доминираше крлиниот центар на Олимпијакос, Принтезос кој постигна осум поени и го предводеше тимот до победата 83:90.
Принтезис уфрли 18 поени, Стрелнијекс постигна 16, а најефикасен беше Робертс со 21 кош. Кај Фенербахче се истакна Нанали со 22 поени.
Олимпијакос има скор 5-2, а Фенербахче 4-3.