Фенербахче, Панатинаикос и ЦСКА забележаа победи во последните три натпревари од деветтото коло, во Евролигата.
Европскиот првак Фенербахче го совлада Химки со 71:67. Фенер на почетокот на третиот период имаше 17 поени предност, кога Химки започна да ја топи разликата.
Во финишот на мечот Химки се доближи на поен негатива, но благодарение на Весели и Вонамејкер Фенербахче го одби нападот.
Фенербахче за запиша шестата победа, додека Химки по третиот пораз во низа има скор 5-4.
Нанали со 20, односно Вонамејкер со 16 поени, 5 скока и 6 асистенции го предводеа Фенербахче, додека кај Химки се истакна Швед со 21 кош.
Панатинаикос во дербито го порази Реал 82:80, откако успеа да се врати во натпреварот по негативата од 16 поени, која ја имаше во 22 минута.
Дуелот го решија Папас со тројка на 25 секунди до крајот, односно Гист кој на 12 секунди ги реализираше двете слобидни фрлања.
Поранешниот играч на Реал, Кеј Си Риверс со 20 поени беше најефикасниот играч на ПАО, а кај Реал најефикасен беше Добчиќ со 19 кошеви.
ЦСКА во Малага си дозволи луксуз да испушти предност од 14 поени, но на крајот со серија 15:6 го доби натпреварот 89:80.
Серхио Родригез беше „x факторот“ во финишот кога се решаваше победникот. Популарниот Чачо беше најефикасен кај „армејците“ со 21 кош, а кај Малага се истакна довчерашниот играч на ЦСКА, Огастин со 18 поени и 9 скока.