Гостинските тимови забележаа победи во воведните три натпревари од осмото коло во кошаркарската Евролига.
Панатинаикос предводен од Ник Калатес, во трилер завршница во Истанбул го победи Анадолу Ефес 82:81.
Еден скок му недостигаше на Клататес за трипл-дабл, тој мечот го заврши со 29 поени, 10 асистенции и 9 скока. Плејмејкерот постигна 13 од последните 15 поени на својот тим.
Големи заслуги за триумфот има и центарот Џејмс Гист кој во последната секунда го изблокира Ерик Мекалум и не дозволи натпреварот да има породолжение. Гист забележа 11 поени, колку што постигна и Крис Синглтон.
Кај Ефес се истакнаа Брок Мортон со 21, Мекалум со 16 и Владимир Штимац со 15 поени.
Химки го забележа вториот пораз во низа, откако Макаби победи во Русија 69:77. Израелскиот тим во текот на целиот меч имаше предност, а иако во последната четвртина ја испушти двоцфрената разлика, со добрата игра во одбраната успеа да стигне до победа.
Пјер Џексон со 19 поени, 4 скока и 6 асистенции беше најдобар кај Макаби, додека Алексеј Швед се истакна кај Химки со 21 поен, но имаше и седум загубени топки.
Басконија во Каунас го декласира домаќинот Жалгирис 97:77. Шпанскиот тим уште во првиот период стигна до двоцифрена предност, а во третата четвртина имаше им предност од 26 поени.
До третата последовна победа Басконија ја предводеа Родриг Бубоа и Торнике Шенгелија со по 19 поени, а Грузиецот имаше и осум скока. Паулиус Јанкунас со 20 поени беше најефикасен кај Жалгирис, додека Василије Мициќ забележа 12 поени и 8 асистенции.