Top Sport

Евролига: Судиите го оштетија Фенербахче во Атина (Видео)

Кошаркарот на Панатинаикос Тајрис Рајс направил прекршок врз бекот на Фенербахче Нандо Де Коло кога тој се обидел да постигне тројка во последната секунда од натпреварот помеѓу двата тима и судиите морале да досудат прекршок наведува Евролигата во своето соопштение.

Панатинаикос на 3,3 секунди до крајот на натпреварот во „ОАКА“ постигнаа поени за водство 81:78. Де Коло се обиде да избори продолженија, но неговиот обид да постигне тројка заврши на обрачот.

Повторената снимка покажува дека Рајс го фаулира играчот на Фенербахче, меѓутоа судиите не го видоа контактот.

„Во моментот кога Де Коло шутира, Тајрис Рајс, со десната рака оствари нелегален контакт со неговиот зглоб. Тоа требаше да биде окарактеризирано како лична грешка на Рајс, а на Де Коло да му бидат доделени три слободни фрлања“, стои во соопштението на Евролигата.

“>Погледнете ја спорната ситуација.

Scroll to Top