Top Sport

„Евролигата е циркус“

Претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Италија, Џани Петручи, за „Унионе сарда“, остро ја критикувал Евролигата и рекол дека секој играч сонува да освојува медали на најголемите натпреварувања.

„Тоа е натпреварување без спортски дух, тоа е циркус“, рекол Петручи и дополнил.

„Играчуте мора да одговорат на покана од националниот тим, како што тоа го прават фудбалерите. Ние имаме одличен однос со господинот Армани и со тренерот Еторе Месина, тука нема ништо спорно. Сон на секој играч треба да биде да победи на Олимпијада и Светско првенство, а не да ја освои Евролигата“.

Евролигата и УЛЕБ, не успеаја да постигнат договор со ФИБА, поради што најдобрите играчи не можат да играат за своите репрезентации во квалификациите за пласман на СП.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');