Реал Мадрид, во четврток ќе гостува кај Олимпијакос, во претпоследното коло во Евролигата. Во клучниот натпревар сезонава, Реал, ќе биде без тренерот Пабло Ласо.
Реал со серијата лоши резултати го компромитираше пласманот во разигрувањето. Против Олимпијакос, мора да победи за се пласира во плејофот.
Ласо, беше исклучен синоќа, против Ефес. Тој во последната четвртина беше исклучен, поради втората техничка грешка. Суспензијата ја доби, бидејќи по исклучувањето, остана на теренот и влезе во расправија со судиите.
Реал, доживеа тежок пораз од Ефес 108:83.
По неколплетното 33.коло, Реал се осми на табелата со 18 победи и 14 порази.