Top Sport

Евролигата потврди дека Белград ќе го организира завршниот турнир

Челниците на кошаркарската Евролига, во петокот објавија, дека завршниот турнир од Берлин е префрлен во Белград. Полу-финалните натпревари ќе се одиграа во четврток на 19.мај, а мечот за третото место и големото финале ќе се одиграат во сабота на 21.мај.

Берлин се откажа од завршниот турнир поради епидемиолошките мерки, поврзани со пандемијата на коронавирусот.

„Верувам дека во иднина ќе се вратиме во Берлин. Подобра алтернатива од Белград не можевме да најдеме. Овој град автоматски се идентификува со кошарката. Сакам да и се заблагодарам на српската влада која прифати да биде наш домаќин. Се надеваме дека здравствената ситуација ќе ни дозволи да уживаме во овој завршен турнир“, рекол првиот човек на Еврлигата, Џорди Батомеу.

Белград втор пат ќе биде домаќин на завршниот турнир, во 2018 година титулата ја освои Реал Мадрид.

Scroll to Top