Top Sport

Фенербахче без Датоме на „Фајнал Фоур“ во Евролигата

Кошаркарскиот клуб Фенербахче, во завршницата од сезоната, остана без еден од клучните. На мечот со Дарушафака се повредил Луиџи Датоме, поради што нема да игра на завршниот турнир во Евролигата.

Италијанскиот репрезентативец, се повредил во третата четвртина. Тој почувствувал болка во ногата, а од клубот подоцна објавија дека Датоме го повредил листот на десната нога.

Во клубот не се оптимисти дека тој ќе може да се рехабилитира до почетокот на завршниот турнир, кој на програмата е од 17 до 19 мај.

Scroll to Top