Бекот на Фенербахче Џејмс Нанели ќе отсуствува најмалку еден месец од кошаркарските терени откако на синоќешниот натпревар против Баконија во Истанбул се здови со фрактура на дланката.
Американецот во третиот период истрча сам контранапад ја заби топката во кошот, но имаше лошо падна. Нанели веднаш беше хоспитализиран, а прегледите покажале дека не ги повредил вратот и рбетот.
Кошаркарот и натаму се наоѓа в болница.
Во досегашниот тек од сезоната 27-годишниот беке е еден од најдобрите во тимот на европскиот првак, по натпревар има просечен учинок од 10,4 поени, 2,5 скока и 1,7 асистенции.