Top Sport

Фенербахче го крена гласот против судиите

Кошаркарскиот клуб Фенербахче, по синоќешниот пораз од Барселона (74:76), го крена гласот против судењето во Евролигата. Фенер, на драматичен начин загуби од Барселона, Миротиќ погоди во последниот напад со звукот на сирената.

Фенербахче, во новата сезона има две победи и четири порази. Тврдат дека се поразите од Панатинаикос, Реал и Барселона, се резултат на лошото судење.

Во соопштението стои дека Фенербахче од сезоната 2006/07 го чува брендот Евролига и дека на тоа мото се придржувале дури и кога судиите носеле одлуки на нивна штета. Меѓутоа, како што наведува клубот, грешките на судиите станале видливи и за навивачите, поради што повеќе нема да молчат.

Од клубот истакнале дека на нивните натпревари се судат „досега невидени“, неспортски лични грешки

На крајот од соопштението стои дека досега Евролигата ги прифаќала нивните сугестии и наоѓала начин да му се извини на клубот.

Scroll to Top