Top Sport

Фенербахче може да остане без главниот спонзор

Откако ја загубија титулата од Евролигата од Реал Мадрид, за навивачите на Фенербахче стигнува уште еден шок, повлекувањето на главниот спонзор „Догуш“ групацијата.

Фенер потпиша тригодишен договор со „Догуш“ минатото лето, со кое клубот ќе добие 45 милиони евра, во најголемиот „дил“ во европската кошарка. Меѓутоа, сега, претседателот на клубот, Азиз Јилдирим признава дека има нешто во шпекулациите дека компанијата може да се повлече.

„Тие имаат некои проблеми кои се обидуваат да ги решат поради економската криза во Турција. Ако успеат да се извлечат ќе останат наши спонзори“, вели Јилдирим.

„Догуш“ групацијата е еден од трите најголеми компании во Турција, и вклучува над 250 компании. Досега тие покриваа половина од буџетот на кошаркарскиот клуб, но ако ситуацијата се смени тогаш ќе има сигурно големи промени во играчкиот состав. Српскиот тренер, Жељко Обрадовиќ, сепак, би останал без разлика на сѐ.

Фото: ЕПА

Scroll to Top