Големото дерби во седмото коло на Евролигата помеѓу Олимпијакос и Фенербахче не разочара, откако гостите успеаја во драматичен финиш да слават победа иако Олимпијакос го имаше последниот напад и два шута за победа.
Откако по првото полувреме беше израмнето, во третата четвртина имаше само 25 поени на двете страни, пред да дојде драматичниот финиш. Во последните секунди Најџел Вилијамс-Гос имаше обид за победа на Олимпијакос, а по утката топката дојде кај Милутинов, кој исто така не успеа.
Костас Слукас имаше 20 поени за тимот на Жељко Обрадовиќ и ги постигна одлучувачките поени во финишот, додека Костас Папаниколау имаше 18 за Олимпијакос.
Актуелниот шампион пак, Реал Мадрид остана непоразен и по седум кола откако без поголеми проблеми со 79:74 го победија рускиот Химки. Џејси Керол имаше 15 поени за „кралевите“, Касер додаде 13, а Кампацо 10, додека гостите без Алексеј Швед (кој е повреден) ги предводеа Крокер и Гил со по 16 поени.
ЕВРОЛИГА, 7.КОЛО
Олимпијакос – Фенербахче 72:73 (18:21, 21:18, 14:11, 19:23)
Реал Мадрид – Химки 79:74 (19:12, 22:23, 15:20, 23:19)
Будуќност со рекордна 21 тројка за деби победа во Евролигата! (видео)