Top Sport

Феникс санс го добиваат Крис Пол!

Феникс санс се согласиле за трејд со кој ќе го добијат Крис Пол од Оклахома Сити тандер, објавува „ЕСПН“. Со зделката Пол и Абдел Надер ќе заминат кај Санс, доека Кели Убр Јуниор, Рики Рубио, Тај Џером, Џејлен Лек и прв пик од драфтот 2022 одат кај Оклахома Сити.

Сопственикот на Санс, Роберт Сарвер е убеден дека со Пол во тимот, заедно со Девин Букер ќе можат да бидат конкурентни во Западната конференција, откако по рестартот на лигата минатата сезона имаа 8-0 скор.

35-годишниот Пол во Феникс повторно ќе работи со тренерот Монти Вилијамс, со кого беше во Њу Орлеанс во 2010/11. Пол пристигна во Тандер минатото лето од Хјустон рокитс во замена за Расел Вестбрук и имаше одлична сезона, за првпат од 2016 да биде избран во Ол-стар тимот. Во 70 натпревари тој имаше 17.6 поени, 6.7 асистенции и 5.0 скокови по натпревар.

Scroll to Top