Хансел Емануел Донато стана интересен кошаркар за клубовите во НЦАА лигата, но тој се надева дека еден ден ќе заигра во НБА лигата.
Неговиот живот се разликува од големиот број негови врсници, уште од негова шестгодишна возраст. Се качил тогаш на негој ѕид за да го гледа својот татко како игра кошарка, ѕидот се срушил, па Хансел се нашол под урнатините, а циглите му ја нагмечиле левата рака. По два часа тој бил спасен, но раката морале да му ја ампутираат.
Од родната Доминиканска Република се преселил во САД кога имал 16 години, а тогаш веќе бил добар кошаркар. Одличните игри во средното училиште пробудиле интерес кај некои тимови, па тој сега настапува за Тенеси Стејт Тајгрс во НЦАА Дивизија 1.
Pофалби за него има од многумина, дури и Шекил О`Нил во една прилика истакнал дека Хансел победува свои врсници иако е со една рака.
Погледнете дел од неговите потези:
Hansel highlights from yesterday ? pic.twitter.com/aMOvI2N1Ca
— Ballislife.com (@Ballislife) September 13, 2021