Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ја објави ранг листата на репрезентациите, на која Македонија назадува за четири позиции и сега за наоѓа на 38.место.
ФИБА во соопштението објави дека листата е резултат на она што репрезентациите го постигнаа во квалификациите, но и на натпреварите на официјалните натпревари кои се во нејзина организација.
Македонија летово одигра лошо во претквалификациите и не успеа да избори пласман во квалификациите за Светското првенство во 2019 година во Кина.
Македонската кошаркарска репрезентација назадуваше за летири места и сега се наоѓа на 38.место во светот, односно 21.место во Европа. На светската листа на ФИБА има 153 репрезентации, додека на листата на ФИБА Европа има 38 селекции.
Инаку најголем скок на листата напаравија европските селекции Холандија од 38 места и сега се наоѓа на 46.место, потоа Црна Гора и Ислан кои напредуваа за 37 позиции и Естонија која „скокна“ за 35 места.
На врвот на ФИБА листата се САД пред Шпанија, Србија, Франција и Аргентина, додека новиот европски шампион Словенија е на седмото место. н.ц.