Top Sport

Филаделфија го прегази Денвер, Шариќ поуспешен од Јокиќ (Видео)

Кошаркарите на Филалдефија славеа против Денвер 123:104 и го оддалечија противникот од борбата за осмата позиција во Западната конференција. Во исто време Филалдлефија му се доближи на Кливленд во дуелот за третото место на Истокот.

Дуелот во Филалделфија мина во знакот на Макркел Фулц, првиот пик од драфтот се опорави од повредата на рамото и конечно заигра за Филалделфија. Фулц на крајот имаше ефект од 10 поени, 4 скока и 8 асистенции.

Филалделфија го скрши Денвер во второто полувреме, откако по првите две четвртини имаше негатива од осум поени.

Филалделфија ја предводеа Џоел Ембид (20 поени, 13 скока) и Дарио Шариќ со ист број на поени.

Вил Бартон со 25 поени го предводеше Денвер, а српскиот центар Никола Јокиќ оставри 14 поени, 7 скока и 4 асистенции.

Резултати:

Шарлот Хорнетс-Њујорк Никс 137:128
Детроит Пистонс-ЛА Лејкерс 112:106
Филаделфија ’76-Денвер Нагетс 123:104
Минесота Тимбервулфс-Мемфис Гризлис 93:101
Феникс Санс-Бостон Селтикс 94:102

Scroll to Top