Top Sport

Филипинците и Австралијците се „потепаа“ (видео)

Страстите излегоа надвор од контрола на квалификацискиот натпревар за СП во кошарка во 2019 година помеѓу Филипините и Австралија кога речиси сите кошаркари беа вмешани во масовна тепачка.

Хаосот во „Филипини арената“ во Манила започна во третата четвртина при резултати 79:48 за фаворизираните Австралијци.

На крајот, судиите исфрлија од игра дури 13 кошаркари, а Филипинците останаа со само тројца играчи. Двајца од нив потоа заработија пет лични грешки и мечот беше прекинат при резултат 89:53.

Scroll to Top