Top Sport

Филиповски отпаднал од комбинација, Џикиќ ќе биде новиот тренер на Партизан

Кошаркарскиот клуб Партизан е во потрага по тренер кој ќе го наследи Владо Шќепановиќ. Младиот стратег, вчера, доби отказ поради лошите резултати.

Ден пред да му биде врачен отказот на Шќепановиќ, српските медиуми, шпекулираа дека најблиску до клупата на трофејниот клуб е Сашо Филиповски, меѓута според најновите информации поранешниот тренер на Олимпија отпаднал од комбинација и се очекува поранешниот селектор на Македонија, Александар Џикиќ да ги преземе црно-белите.

Џикиќ има 49 години, на почетокот на својата кариера (1999-2005) му беше помошник во Партизан на Душко Вујошевиќ, а прв тренер на овој клуб беше во сезоната 2016/2017.

Пре три сезони тој со Будуќност ја освои титулата во АБА лигата. Минатата сезона го предводеше Естудијантес.

Scroll to Top