Top Sport

Филиповски: Верувам во овој тим, не планирам промени во ростерот

Кошаркарскиот клуб Партизан попладнево официјално го претстави новиот тренер, Сашо Филиповски. 46-годишникот дојде во клубот на местото, на Владо Шќепановиќ.

„Верувам во филозофијата „чекор по чекор“. Очекувам дека ќе напредуваме од натпревар во натпревар. Доколку си добро подготвен и секогаш го даваш максимумот тогаш не треба да стравуваш за својата иднина. Ништо не ветувам. Не планирам промени во ростерот, за сега играчите го даваат својот максимум.

На клупата на Партизан, Филиповски, ќе дебитира утре против Задар. Асистент во стручниот штаб на Филиповски ќе биде Боби Митев.

Scroll to Top