Top Sport

„Фрустрираниот“ Дерозан доби парична казна (Видео)

Кошаркарот на Сан Антонио Спарс, Демар Дерозан, доби парична казна од 25.000 долари, бидејќи ја фрлил топката кон судијата Скот Фостер, во последнатата четвртина од четвртиот натпревар со Денвер Нагетс.

НБА лигата соопшти дека Дерозан е казнет поради “дрското фрлање на топката кон официјалното лице“.

Нервозниот Дерозан, во финишот на последната четвртина доби две технички грешки поради што беше исклучен. До моментот кога го исклучија тој имаше учинок од 19 поени и по пет скока и асистенции.

„Бев фрустриран и мислам дека судијата донесе лоша одлука. Комбинацијата на овие две работи го донесе овој резултат“, рекол Дерозан.

Нагетс победија во четвртиот меч 117:103 и го израмнија резултатот во серијата на 2-2.

Петтиот натпревар на програмата е рано наутро во среда, од 3:30 часот по средно-европско време.

Scroll to Top