Top Sport

Гаги Николиќ полуде: Мајмуни, кретени, куче мајката да ви ја….

Тај-аутот на Драган Николиќ, тренерот на Борац од Бања Лука за кратко време стана хит на социјалните мрежи. Поранешниот тренер на кошаркарките на Охрид и кошаркарите на Карпош Соколи, не бираше какви навреди ќе испрати кон своите кошаркари.

Борац против Пелистер влезе како голем фаворит, на крајот победи 101:86, меѓутоа десеткуваниот Пелистер, во првото полувреме успеа да му се спротивстави на фаворитот.

Пелистерци со шестмина кошаркари го одиграа овој натпревар. Во првото полувреме со серија 12:0 ја престигнаа предноста на противникот, од 25:36, Пелистер дојде до 37:36.

Во тој момент Николиќ побара тајм-аут и едноставно полуде.

„Ајде вака. Куче мајката да ви ја е.е. Прво вие кажете, куче мајката да ви ја е.е! Ајде зборувајте сега, мајмуни едни, а после ние ќе глумиме будали. Аде зборувајте, зборувајте, кретени. Во соблекувалната ќе го решиме ова“.

Scroll to Top