Top Sport

Галинари удри по Трамп: Тоа што го кажува нема логика!

Најдобриот италијански кошаркар во моментов, Данило Галинари зборуваше за моментната ситуација во светот поврзано со пандемијата на коронавирусот. Галинари, кој е играч на НБА тимот, Оклахома Тандер вели дека се направени многу грешки во текот на пандемијата. Упати и јавни критики за Доналд Трамп, првиот човек на САД.

„Трамп секој ден кажува нешто ново и неговите зборови немаат логика. Важно е целиот свет да излезе од ова. Во Италија наместо да спремиме, ние лечиме“ – рече Галинари.

Тој се осврна и на гостувањето на неговата селекција во Србија на турнирот за пласман на ОИ во Токио на кои освен домаќинот и Азурите, ќе се најдат и Нов Зеланд, Сенегал, Доминиканска Република и Порторико.

„Не знам зошто сите имаат големи очекувања од Италија, многу ривали се јаки. Немаме оружје како другите елекции. Никогаш немавме континуитет поради повредите на Белинели, Датоме, Барнањи, па и јас“ – заклучи Галинари.

Scroll to Top