Германската кошаркарска репрезентација ја забележа третата победа во првата фаза на Мундобаскетот, бидејќи во третото коло од групата Е ја совлада Финска со 101:75.
Финците беа конкурентни само во првата четвртина, која им припадна на Германците со 22.19. Следните две четвртини ги добија со двоцифрена разлика, а четвртата „само“ со 25:20 што резултираше со убедлива победа од +26.
Кај победниците најефикасни беа Бонго и Шридер со по 15 поени. На другата страна Енкаму мечот го заврши со 14 поени.
Германија во втората фаза ќе биде во група со двете најдобри селекции од групата Ф, а најверојатно тоа ќе бидат Словенија и Грузија.
Фото/ FIBA