Еден од 614 американски милијардери, 79-годишниот бизнисмен, Глен Тејлор е сопственик на кошаркарскиот НБА клуб Минесота Тимбервулфс цели 25 години.
Тој за да го преземе сопствеништвото на клубот своевремено платил 88 милиони долари, а потоа го купил и локалниот женски кошаркарски тим учесник во ВНБА, Минесота Линкс.
Со години не беше заинтересиран за преговори со инвеститори, но се поколеба откако корпорацијата „Тејлор“ претрпе тежок удар поради пандемијата на коронавирусот.
Американските медиуми наведуваат дека Тејлор ги продава Тимбервулфси и тоа за 1.2 милијарди долари затоа што вредноста на тимот, кој последен пат играше во плеј оф пред цели 15 години, според „Форбс“ изнесува 1.38 милијарди американски долари.