Top Sport

Ѓорѓевиќ: Ако се сретнеме со Американците, Бог нека им е напомош!

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Александар Ѓорѓевиќ го скрати списокот со кошаркари на кои ќе смета за претстојниот Мундобаскет во Кина. Од сисокот на Ѓорѓевиќ отпаднаа Дејан Тодоровиќ, Алекса Аврамовиќ и Никола Јовановиќ.

Останаа 14 играчи на подготовките, а конечниот список со 12 играчи ќе биде објавен непосредно пред патувањето за Кина.

Неизбежно е прашањето во врска со селекцијата на САД која важи за прв фаворит за освојување на СП иако летово многу од НБА кошаркарите го откажаа својот настап во Кина.

„Воопшто не размислуваме за нив, тоа ни се случуваше многу години досега. Јас размислувам за сите други репрезентации освен за САД. Размислува за некои репрезентации кои досега не се споменуваа како кандидати за медал како Германија. Размислувам за Грција, Русија, да не споменувам Франција која пак има фантастичен состав. Аргентина, канада, Бразил, Шпанија се силни. Немојте воопшто да размислувате за Американците, тие нека ја играат нивната кошарка, ние нашата. Ако се сретнеме, Бог нека им е напомош“ – изјави Ѓорѓевиќ.

Scroll to Top