Српскиот кошаркарски тренер, Александар Ѓорѓевиќ е близу до потпис на договор со екипата на Уникс од Казањ.
Повратникот во Евролигата наскоро ќе остане без тренерот Димитриос Прифитс (тој заминува на клупата на Панатинаикос), па информациите се дека довчерашниот тренер на Виртус Болоња ќе биде новиот предводник на евролигашот.
Виртус не му го продолжи договорот на Србинот иако тој ја донесе шампионската титула во Болоња по пауза од 20 години.
Ѓорѓевиќ во кариерата седел на клупата на Олимпија Милано, Бенетон, Панатинаикос и Баерн Минхен. Успеси во кариерата имаше и како селектор на Србија.
?Unics Kazan are looking for their new head coach and they are in advanced negotiations with Aleksandar Djordjevic, per our friend @fabry23lorenzi and @Totalbasketgr sources. #Euroleague #7DAYSEuroCup #basketball #BCL #basketballcl @unicsbasket #vtbl @VTBUL @Virtusbo
— Christos Harpidis (@chrisalucard) June 25, 2021