Top Sport

Ѓорѓевиќ ja донесе титулата во Болоња по 20 години!

Виртус Болоња го совлада Армани Милано со 73:62 за со 4:0 да ја потврди финалната победа и да ја освои италијанската титула по пауза од 14 години.

Тимот на Саша Ѓорѓевиќ не започна најдобро и Милано имаше предност во текот на првото полувреме, пред во финишот да ја освоијат титулата, нивна 16. во историјата, но прва од 2001 година.

Марко Белинели имаше 15 поени за победничкиот тим, Вимс додаде 14, додека МВП на финалето, српскиот ветеран Милош Теодосиќ додаде 10 поени и 6 асистенции. Кај Олимпија, кои оваа година учествуваа на фајнал фор турнирот во Евролигата, најефикасен беше Шејвон Шилдс со 16 поени и 10 скока.

Scroll to Top