Александар Саша Ѓорѓевиќ повторно е тренер на Виртус Болоња. Клупските челници му врачија отказ на Ѓорѓевиќ, а 24 часа подоцна го вратија на работното место.
Италијанските медиуми објавија дека заедно со тренерот во клубот ќе останат и неговите помошници, односно играчите Милош Теодосиќ и Стефан Марковиќ.
Ѓорѓевиќ со Виртус има максимални седум победи во Еврокупот од почетокот на сезоната, додека во италијанското првенство има пет победи и четири порази. Интересно сите порази Виртус ги доживеа на домашен терен.