Top Sport

Гуровиќ десет месеци ќе биде во домашен притвор

Поранешниот репрезентативец на Србија, Милан Гуровиќ, во петокот се спогодил со обвинителството, откако по 48 часа што ги минал во притвор, бил изведен сослушан пред судот.

Гуровиќ, во средата, бил уапсен бидејќи во семејниот стан во Белград физички ги нападнал сопругата Тања и 16-годишната ќерка Милица.

Поранешниот светски и европски првак со тупаница во глава, а од ударот таа паднала на земја, по што тој продолжил да ја тепа. Во целата случка се вмешала и ќерката која сакала да ја заштити мајка си, но и таа настрадала.

Според српските медиуми Гуровиќ десет месеци ќе биде во домашен притвор. Исто така тој добил забрана за пристап до сопругата и ќерката.

Scroll to Top