Довчерашниот тренер на МЗТ Скопје Аеродром, Дарко Радуловиќ, експресно најде нов ангажман. Тој а кормилото на клубот од Аеродром докажа дека е квалитетен стратег, а само неколку дена по разделбата со МЗТ Скопје дојде понуда да го води косовскиот тим Башкими од Призрен која ја прифати.
Младиот стратег почнува интернационална кариера, а во Косово ќе му се приклучи на Марин Докузовски кој пред неколку дена стана нов тренер на на Пеќ.
Тимот на Башкими во моментов е на шестото место на табелата во првенството на Косово.