Top Sport

Го признала убиството на НБА-играчот, осудена на 30 години затвор

Девет години по убиството на НБА кошаркарот Лоренцен Рајт неговата поранешна сопруга Шера Рајт-Робинсон е осудена на 30 години затвор. Таа ја признала својата улога во убиството на кошаркарот.

Телото на тогаш 34 годишниот кошаркар полицијата го нашла на 29 јули 2010 година во околината на Мемфис. Неговата сопруга Шера била последната особа која на 18 јули го видела жив. Изчеснувањето на кошаркарот на 22 јули го пријавила неговата мајка, а телото било најдено шест дена подоцна.

Таа сведочела дека тој дена со неодредено количество на дрога и пари излегол од куќата во која никогаш ен се вратил.

Инаку, Рајт бил во Мемфис во посета на седумте деца што ги имал од бракот со Шера.

Истрагата околу убиството тапкала в место се до ноември 2017 година кога бил пронајден пиштолот со кој било извршено убиството.

Веднаш потоа како извршител на убиството бил уапсен Били Тарнер, ѓакон во црквата во која одела Шера Рајт-Робинсон. Потоа полицијата ја уапсила и неа под обвинение дека го организирала убиството, со цел да наплати еден милион долари од животното осигурување на сопругот.

Лоренцен Врајт во НБА лигата играл од 1996 година кога како седми пик го избрале ЛА Клиперс. Во кариерата бил играч на Кливлен, Атланта, Мемфис и Сакраменто. Во НБА-лигата одиграл 778 натпревари со просек од осум поени и 6,4 скока.

Scroll to Top