Францускиот кошаркар Руди Гобер им донирал 500.000 долари на вработените во „Вивинт Смарт Хоум“ арената и на вработените во медицинските установи.
Гобер е првиот играч од НБА лигата кој беше заразен со коронавирусот. Поради него НБА реши привремено да го прекине првенството. Ден подоцна позитивени тестови имаа и неговите соиграчи Емануел Мидиај и Донован Мичел.
Францускиот репрезентативец решил да донира 500.000 долари за вработените во арената на Јута Џез, а пари ќе добијат и вработените во арената во Оклахома. Дел од парите ќе одат и во медицинските установи кои работат на лечењето, превенцијата и сузбивање на коронавирусот во Јута, Оклахома и Франција.
„Оваа донација е само мало внимание со кое сакам да ја искажам мојата благодарност и да им пржам поддршка на сите што се на ударот на вирусот. Ова е само прв чекор и прв потег што ќе го повлечам по ова прашање“, рекол Гобер.