Најдобриот дефанзивец во НБА лигата, репрезентативецот на Франција Руди Гобер е позитивен на коронавирусот. Информацијата е откриена пред почетокот на натпреварот помеѓу Јута и Оклахома, а НБА лигата во истиот момент го суспендираше првенството.
Руди Гобер и неговиот соиграч Емануел Мудиај не биле во протоколот за натпреварот, тие биле на листата на повредени. Луѓето во клубот се посомневале дека двајцата можеби се заразени со вирусот, ги испратиле на тестирање кое покажало дека Гобер е позитивен.
Иронично во целата оваа ситуација е таа што Гобер во понеделникот на прес конференција се потсмевал со мерките за претпазливост што ги преземале во клубот за заштита од коронавирусот.
Гобер тогаш со своите раце ги поминал сите новинарски микрофони и диктафони што биле пред негоа, а потоа ја напуштил просторијата.
Три дена по тоа прес конференција потврдено е дека Гобер е позитивен, а со своето потсмевање он мерките за претпазливост веројатно заразил и некој од новинарите.
Here's Rudy Gobert on Monday touching all the microphones in the media room on purpose.
Here we are on Wednesday, and Rudy Gobert was just confirmed to have coronavirus, causing the NBA to suspend the season.
Unbelievable. pic.twitter.com/6BF7q3n9ao
— matthew ashlock (@themattashlock) March 12, 2020