Top Sport

Гочер од Бешикташ „слета“ во МЗТ

Американскиот кошаркар Тодрик Гочер (27) е најновото засилување за МЗТ Скопје Аеродром. Со овој трансфер МЗТ го комплетираше тимот за претстојната сезона.

Гочер игра на позицијата бек-шутер, а во Скопје пристигна од Бешикташ. Во турското првенство настапи на 23 средби со просек од 9,4 поени, 4,7 скока и 2,3 асистенции додека во ЛШ на ФИБА на 16 меча просечно реализираше 10,8 поени, 3,5 скока и 1,6 асистенции.
Претходно има настапувано во два грчки тима и тоа Короивос и Ифаистос, како и за француски Шоле. Пред да дојде во Европа, во американската НЦАА-лига настапувал за престижниот Тексас Тек универзитет.

Гочер е третиот Американец на кој тренерот Ѓорѓи Кочов ќе смета во новата сезона, заедно со Феми Олуџоби и Хасани Гравет, а покрај нив ќе биде и српскиот интернационалец Андрија Бојиќ. Капитенот Дамјан Стојановски ќе го предводи македонскиот септет, во кој се уште и Бојан Крстевски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Кристијан Николов, Адем Мекиќ и Филип Бакоч.

Scroll to Top