Top Sport

Ѓоковиќ му честиташе на Јокиќ: Кога ќе играме тенис, Јокара?

Новак Ѓоковиќ му ја честиташе титулата шампион во НБА на Никола Јокиќ.

Најдобриот светски тенисер се огласи преку својот прифил на „Инстаграм“.

„Честитки брат! Ти си најдобар“, напиша Ѓоковиќ покрај фотографијата на која Јокиќ јава додека ги носи своите трофеи.

Потоа сподели уште неколку објави за него и Јокиќ кои најверојатно ги добил од своите фанови, а на една од нив двајцата, како момчиња, држат тениски рекети како момчиња. Ѓоковиќ го предизвика МВП на финалето на дуел.

„Кога ќе играме тенис, Јокара?“, напиша Ѓоковиќ.

Јокиќ синоќа стана НБА шампион, додека Ѓоковиќ во неделата стана рекордер со 23 Грен слем титули.

Scroll to Top