Top Sport

Ѓоковиќ за Јокиќ: „Имам ексклузивни информации“

Медиумските конференции на Новак Ѓоковиќ често знаат да отстапат од тениските теми, а исклучок не беше и онаа по победата над Карбаљес Баена во второто коло на Ролан Гарос.

Во разговор со српските новинари се започна приказната за Никола Јокиќ и неговиот неизвесен настап на претстојните Олимписки игри.

Новак не разочара со одговорот.

„Имам ексклузивни информации и не смеам да ги споделам. Цела Србија чека, имам нешто што никој друг го нема“, беше таинствен Ѓоковиќ.

Набрзо следеше прашањето дали ќе агитира.

„Се шегувам. Како љубител, љубител на кошарката, би сакал да игра. Како спортист, ако одлучи да не игра, со оглед на континуитетот на игри во НБА лигата, што како лидер мора да носи во својот тим. Ние, спортистите, го разбираме тоа. Сега имаше малку повеќе време, само тој и најблиските го знаат тоа. Со него и без него, има голема разлика. Се надеваме и навиваме, без разлика на се“, додаде Ѓоковиќ.

Во секој случај, Новак не се грижи за српската репрезентација се додека таму е Богдан Богдановиќ.

„Богдан е тука, тој е лидер, капитен и мило ми е што ќе биде на располагање. Се надевам дека ќе бидам здрав и дека ќе бидам на ОИ, за да можам да ги гледам“, заврши Новак.

Scroll to Top