Top Sport

Гордон за победа на Хјустон, трипл-дабл на Леброн и пораз на Кливленд (Видео)

Ерик Гордон, Леброн Џејмс и Расел Вестбрук ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата. Гродон со тројка во последната секунда му донесе победа на Хјустон во Филадлефија, а Вестбрук и Џејмс забележаа по трипл-дабл.

Хјусотон со поените на Гордон постигнати со звукот на сирената победи во Филалдлефија 105:104. Гордон натпреварот го заврши со 29 поени, два повеќе од Џејмс Харден, кој имаше и 13 асистенции и дури 8 загубени топки, но играч на натпреварот беше Клинт Капела со 16 поени, рекордни во кариерата 20 скока и 4 блокади.

Кај Филалдлефија Џеј Џеј Редик постигна 22 , Џоел Ембид 21, а Роберт Ковингтон 20 поени.

Леброн Џејмс го забележа вториот трипл-дабл од почетокот на сезоната (29 поени, 10 скока, 13 асистенции) но тоа не беше доволно Кливленд да го избегне поразот од Бруклин 112:107.

Двоцифрен во три статистички категории беше и Расел Вестбрук (28 поени, 10 скока, 16 асистенции). Оклахома со 114:96 славеше над Индијана, во чии редови блескаше екс играчот на Оклахома Виктор Оладипо кој постигна 35 поени.

Кај Оклахома, исто како и Вестбрук 28 поени, на кои придодаде и 10 скока, постигна и Кармело Ентони.

Голден Стејт го преживеа дуелот со Торонто, откако во финишот Кари и Томпсон погодија по една тројка за триумф 117:112.

На крајот Кевин Дурент беше најефикасен со 30 поени, Стеф Кари постигна поен помалку, а Клеј Томпсон заврши со 22 коша.

На останатите натпревари Сан Антонио го задржа максималниот ефект по четири одиграни натпревари откако славеа во Мајами 117:110, Далас славеше над Мемфис 103:94 и ја запиша првата сезонска победа.

Сефте во сезоната направија кошаркарите на Феникс со триумфот над Јута 97:88, додека ЛА Лејкерси по продолжението ги победија Вашингтон Визардс 102:99. Шарлот го совладаа Денвер 110:93, а Детроит беше поуспешен од Минесота с 122:101.

Scroll to Top