Top Sport

Гостивар и Охрид со домашни победи

Гостивар со четири победи во четири натпревари е најголемото изненадување во машката Прва кошаркарска лига, откако го совладаа Шкупи со 94:78.

Скопски Шкупи застана на метата на гостиварци кои без милост ги испратија скопјаните назад во главниот град без победа. Сегариќ постигна 24 поени, Тодоровиќ имаше 18, а Тасовски додаде 11 за победничкиот тим, додека за Шкупи најефикасен беше Харис со 22 поени

Во вториот дуел на саботната агенда од четвртото коло, Охрид без тренерот Чочороски запиша нова победа, втора досега, против екипата на Кожув. Крег имаше 24 поени, а Бери 18 за Охрид, додека Пековиќ запиша 23 поени за Кожув

ПРВА ЛИГА, 4.КОЛО

Гостивар – Шкупи 94-78 (18-19, 23-16, 23-20, 30-23)

Охрид – Кожув 86-74 (16-18, 19-22, 23-16, 28-18)

УТРЕ ИГРААТ

Карпош Соколи –  Фени Индустри 18:00 ч

Струмица –  Куманово 2009 18.30 ч

Фото: КК Гостивар

Scroll to Top