Top Sport

Грабеж на натпревар во Лигата на шампионите

Кошаркарите на Сасари нема по добро да го паметат гостувањето во Нимбурк, во рамките на Лигата на шампионите на ФИБА. Додека тие го играле натпреварот, непознато лице ја ограбило нивната соблекувалната.

„Ова не е фер. Момците патуваа 25 часа за да дојдат тука и да го играат натпреварот. Ова не е фер“, рекол тренерот на Сасари, Џанмарко Поцеко.

Поради ситуацијата со коронавирусот, во салата имало ограничен број на луѓе.

„Сјајна организација во Нимбурк, во Чешка. Во текото на натпреварот од Лигата на шампионите некој ја ограбил нашата соблекувална. Ја проверил буквално секоја торба и јакна. Ги собрал сите пари што ги имавме. Во салата, поради коронавирусот, имаше најмногу 60 луѓе. Сепак се случуваат вакви работи“, напишал центарот на Сасари, Миро Билан.

Инаку, натпреварот заврши со минимална победа на Нимбурк 90:89.

Scroll to Top