Гран Канарија, актуелните шампиони од Еврокупот официјално се откажаа од можноста за настап во Евролигата пораи финансиски причини. Клубот од Канарсит Острови, наместо тоа ќе ја брани својата титула во „второлигашкото“ европско натпреварување.
„По анализата и гласањто на бордодт, едногласно беше одлучено да не се учествува во следното издание на Евролигата поради финансиски причини, и повторно да играме во Еврокупот“, се вели во објвата на шпанскиот клуб.
Според „Еурохупс“, нивната вајлд-карта најверојатно ќе ја искористи Валенсија, а многу веројатно е вајлд-карти да добијат и Виртус Болоња, Партизан и Црвена звезда.
Дванаесетте лиценцирани клубови се Анадолу Ефес, Басконија, Армани Милано, Баерн Минхен, Барселона, Фенербахче, Асвел Лион, Макаби Тел Авив, Олимпијакос, Панатинаикос, Реал Мадрид и Жалгиис. Алба Берлин и Монако ќе останат меѓу елитата, така што е крајно веројатно да ги има истите 18 клуба од минатата сезона.
OFFICIAL: Gran Canaria opts to stay in #7DAYSEuroCup, instead of moving to #EuroLeaguehttps://t.co/MtwEIWoPFO
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) June 12, 2023