Кошаркарите на Гран канарија и АСВЕЛ Вилербан на истекот на календарската година го одиграа веројатно најдобриот меч на европските терени вп 2017 година.
Натпреварпт на канарите беше решен по три продолженија, а слевеа гостите од Франција 128:129.
Во регуларните 40 минути резултатот беше 87:87, по првото продолжение Гран Канарија остана во игра благодарение на тројката која ја постигна Ди Џеј Сили на 17 секунди до крјаот на овој период (104:104).
Во второто продолжение Гран Канарија имаше предност на 40 секунди до крајот, но ново продолжение донесе Роберсон (115:115).
На крајот од третото продолжение херој беше Чарлс Кауди кој поентираше за 128:129, а потоа домаќините преку Сили и Агилар не реализираа два напада за победа.
Феноменална партиза за АСВЕЛ, чии сопствени е НБА кошаркарот Тони Паркер, прикажа Џон Роберсон кој постигна 42 поени. Американецот постигна 11 тројки што е нов рекорд на Еврокупот.