Бројните откази на најголемите НБА ѕвезди ги срозаа очекувањата на јавноста во САД дека Мундобаскетот во Кина без проблем ќе го освои токму нивната земја.
Сепак, во низата лоши вести кои периодов стигнуваа за кошаркарите на Грег Попович, стигна и добра. Една од нив е Деарон Фокс, играчот на Сакраменто Кингс.
Момчето кое стигна како амена набрзо импресионираше на тренинзите на националниот тим и би можел да добие значајна улога од селекторот.
„Тој прави брзите луѓе да не изгледаат толку брзо“ – вели за него Маркус Смарт.
Импресиониран од Фокс е и Кемба Вокер.
„Тој е супер брз. Неговата итрост е луда. Застрашувачки е ако сатане уште побрз, а и се држи под контрола“ – рече искусниот кошаркар.
Во победата на тренинг мечот на националниот тим, Фокс имаше учинок од 12 поени, 3 скока, 3 асистенции, 2 блокади за 15 минути на паркетот.
Од игра шутираше 6/9, но тој открива дека Попович од него пред се очекува да ги разигрува соиграчите.
„Мислам дека е огромна шансата што сум овде. Мислам дека ќе станам подобар играч, водач, дека потполно ќе ја разберам играта. Ако патувам со овој тим во Кина, тоа ќе е голем успех за мене“ – вели Фокс.