Top Sport

Грифин во Бруклин Нетс

Блејк Грифин, првиот пик на драфтот во 2009 година, до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Бруклин Нетс. Грифин, минатата недела го раскина договорот со Детроит Пистонс, се откажа од 13,3 милиони долари, за да може да го напушти клубот со статус на ограничено слободен агент.

Грифин им се приклучи на Кевин Дурент, Џејмс Харден и Кајри Ирвинг. Во тимот игра и неговиот поранешен соиграч од ЛА Клиперс, Диандре Џордан.

Со доаѓањето на Грифин, Бурклин Нетс, станаа најголемите фаворити за титулата во НБА лигата.

Блејк Грифин, од 2009 до 2018 година, го носеше дресот на ЛА Клиперс, беше прва ѕвезда на тимот, познат е по своите спектакуларни забивања. Во Детроит се пресели во голем трејд и од тој момент започна падот на неговата кариера.

Во Бруклин ќе се обиде да ја врати препознатливата форма и прв пат во кариерата да ја освои титулата.

Scroll to Top